Наместо „македонско“, ќе се извезува „црно тиквешко“

Bez autora
Feb 01 2011

Винарските визби предлагаат етикетирањето на виното да биде по регионите од кои потекнува. Ова го сугерираат и експертите по интелектуална сопственост бидејќи според нив не само што ќе се избегнат проблемите со Грција при извозот на нашето вино во ЕУ, туку и ќе се добие вино, кое е карактеристично за одредено подрачје. На етикетите да стои конкретен регион како Повардарие, Тиквеш, Овче Поле. Да се субвенционира извозот на вино, големите стопанства да добиваат еднаква парична поддршка како помалите, а лозарите да ја насочат продукцијата кон квалитет наместо кон обем. Според нив по блокадите од грчка страна, извозот годинава се одвива непречено, без проблеми, но Македонија до крајот на годинава треба да дефинира како ќе го означува потеклото на виното. Визбите велат дека значително се зголемува пласманот на домашното вино во шишиња. Над 50 отсто од вкупната продукција намената за странските пазари оди на овој начин, иако до скоро соодносот со наливното беше 20:80 проценти во полза на наливното.

Наместо „македонско“, ќе се извезува „црно тиквешко“Винарските визби предлагаат етикетирањето на виното да биде по регионите од кои потекнува.

Ова го сугерираат и експертите по интелектуална сопственост бидејќи според нив не само што ќе се избегнат проблемите со Грција при извозот на нашето вино во ЕУ, туку и ќе се добие вино, кое е карактеристично за одредено подрачје.

- На етикетите да стои конкретен регион како Повардарие, Тиквеш, Овче Поле. Да се субвенционира извозот на вино, големите стопанства да добиваат еднаква парична поддршка како помалите, а лозарите да ја насочат продукцијата кон квалитет наместо кон обем- сугерираат од Групацијата на производители на грозје и вино при Стопанската комора на Македонија.

Според нив по блокадите од грчка страна, извозот годинава се одвива непречено, без проблеми, но Македонија до крајот на годинава треба да дефинира како ќе го означува потеклото на виното. Визбите велат дека значително се зголемува пласманот на домашното вино во шишиња. Над 50 отсто од вкупната продукција намената за странските пазари оди на овој начин, иако до скоро соодносот со наливното беше 20:80 проценти во полза на наливното.

- Последнава деценија процесите во лозарството и винарството генерално се унапредени. Сепак, вложениот труд на крајот мора да се спакува како добра понуда. Амбалажирањето останува приоритет зашто освен додадена вредност придонесува и за имиџот што, пак, значи поголем профит - вели Марија Митева од „Сковин“, претседател на Групацијата.

Пакувањето на македонското вино веќе соодветствува на светските стандарди, но, како што посочи Митева, недостасува препознатливост. Конкуренцијата е огромна.

- Не можеме да бидеме конкурентни на странските пазари кога еден литар вино од земјите со субвенциониран извоз чини колку килограм грозје кај нас - нагласи Митева.

Винарниците велат дека порано кога македонското вино се извезувало надвор во цистерни, на цистерните ја пишувало регионалната одредница од која доаѓа виното. На пример, за едно вино пишувало дека е од Повардарско виногорје, за друго, од Гевгелиско, на пример.

- Сега кога извезуваме рефус вино за Германија да речеме, на цистерните стои тип вино, вранец на пример, па потекло, од Македонија. На виното во шише, кое оди за извоз во Германија, пак, на македонски јазик напред стои Република Македонија, регион Повардарски, а назад регион Повардарски, Република Македонија -објаснуваат во винарниците.

Десет винарници од земјава минатата недела ги промовираа своите производи во Шведска. Нордиските земји не се нов пазар за нас, но засега сме многу малку застапени таму. Воопшто, на вината од Југоисточна Европа во Шведска, Данска и Норвешка, отпаѓаат само околу три проценти.

Во Министерството за земјоделство не ги коментираат заклучоците на винарските визби. Од таму велат дека засега не очекуваат проблеми при пласманот на домашното вино во ЕУ и бараат од Европската Унија, евентуалните спорни прашања да се решаваат во рамките на правните инструменти.

Целиот проблем со извозот почна од јули лани, кога имаше притисоци од официјални органи на Грција кон ЕУ. Последен таков случај беше барањето од словенечкиот пазар да се повлечат четири вида македонско вино. Нашите винарски визби добиваа писма од германските трговски комори во кои членуваа увозниците на вино, дека од 1 јануари 2011 година нема да смеат да пласираат вино ако нашите заштитени имиња ги нема во Електронскиот регистар на заштитени називи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik